Македонија
28. November 2020 - 10:45

549 санкции за неносење маска во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.11.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице,регистрирани се 549 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.