Македонија
2. August 2021 - 14:35

54 нови случаи на Ковид-19, има едно починато лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на КОВИД-19:Тетово – 32, Скопје – 13, Дебар - 4, Гостивар и Валандово – по 2, Кичево – 1.

Починато е едно лице од Тетово, на возраст од 77г, во болнички услови.

Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Куманово – 4,  Тетово – 3, Кичево, Велес, Охрид и Струга – по 2, Струмица– 1.

Направени се 3.087 тестови преку: ИЈЗ-19, ЦЈЗ Скопје-21, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–4, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-126, Авицена-70, Биотек-82, Систина-65, лабораторија Лаор-10, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-589, ВФВ Медикал-18, Ели Медика-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.078.

Досега во земјата се направени вкупно 985.556 тестирања на Ковид-19.  

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.506 бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613.