Спорт плус
26. April 2021 - 9:16

54 медали за македонските кик боксери на турнирот „Трофеј на Белград“

Во услови на селективни рестриктивни мерки поради корона пандемијата и забрана за одржување на тренинзи во индивидуалните спортови во кои припаѓа и кикбоксот, македонските кикбокс борци прикажаа извонредни резултати и борбеност во ринг и татами дисциплините на меѓународниот кикбокс турнир “Трофеј на Белград” кој се одржа викендов во Србија.
На овој меѓународен кикбокс куп учество земаа 269 натпреварувачи од 53 клубови од 5 земји:
Србија, Македонија, Босна и Ҳерцеговина, Ҳрватска и Молдавија и истиот беше можност за контрола на подготвеноста на нашиот национален тим за учество на претстојните официјални светски и европски првенства.
Македонските кикбоксери се закитија со 54 медали (15 златни,17 сребрени и 22 бронзени).
Од Македонските клубови најуспесен бесе Кик бокс клубот Шампион - МАГНУС ТИМ од Скопје со освоени 11 медали (8 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал), И токму натпреварувачот на овој клуб Бобан Илиовски беше прогласен за најдобар борец на ринг, за што доби златен пехар.
 
Резултати и пласман на македонските кикбокс клубови учесници на овој куп:
1 Кбк Шампион - Скопје: злато- 8, сребро -2, бронза 1.
2.Кбк Тим Зоран - Струмица: злато - 2, сребро 4, бронза 3.
3.Кбк Наско тим - Скопје: злато - 2, сребро 0, бронза 0.
4.Кбк Работнички Адора - Скопје: злато - 1, сребро - 1, бронза - 4. 
5. Кбк Тетово - Тетово: злато - 1, сребро - 0, бронза - 2.
6,Кбк Куманово: злато - 1, сребро - 0, бронза 0.
7.Кбк Гладијатор - Штип: злато - 1, сребро - 0, бронза - 0.
8. Кбк Патриот спорт - Крива Паланка: злато - 0, сребро - 2, бронза - 3.
9. Кбк Будо - Велес: злато -0, сребро - 2, бронза -2.
10. Кбк Предатор Куманово: злато - 0, сребро - 2, бронза - 1.
11. Кбк Лидер - Виница: злато - 0, сребро - 2, бронза -1.
12.Кбк Гладијатор - Скопје: злато - 0, сребро - 1, бронза 3.
13.Кбк Ас - Делчево: злато -0, сребро -1, бронза -1.
14.Кбк Самурај - Битола: злато - 0, сребро - 0, бронза -1.
 
Задоволен сум од нашиот целокупен успех и постигнатите резултати и среќен сум што ја водам оваа успешна и перспективна федерација во која има единство, слога и меѓусебна помош И пожртвованост на натпреварувачите и тренерите, поради што и успехот е неизбежен - истакна Дејан Митровски - Урко претседател на КМФМ.
 
И покрај потребата од напорен и долг тренажен проcес и наша институcионална и медиумска иницијатива и барање за олабавување на рестрикциите во индивидуалните спортови, во моментов сеуште се соочуваме со забрана за тренинг и организација на кикбокс натпревари. Немаме објаснување за тоа зошто сме дискриминирани и обесправени во однос на колективните и екипните спортови (фудбал, ракомет, кошарка, одбојка…) кои непреcено тренираат и се натпреваруваат и на национални и на меѓународни натпревари ?!? Преку работната група за олеснување на мерките во индивидуалните спортови, побаравме разрешница на проблемот и одговор на нашите прашања, но до денеска сеуште немаме позитивен исход. Спротивно на нашата состојба, во соседството тренинзите на кикбокс репрезентативците и професионалните спортисти се изведуваат во спортските објекти, а истовремено и непреcено се организираат национални и меѓународни натпревари. Особено сакам да истакнам дека – “и покрај тоа што имаме репутажа на земја со мал број на натпреварувачи на официјалните европски и светски првенства (за што се виновни финансиите), сепак нашиот тим е фаворит за освојување на злато особено во ринг дисциплините и во спортските мемоари сме забележани како земја со два светски прваци и земја со освоени многу светски и европски сребрени и бронзени медали”. Моменталната забрана за тренинг ќе рефлектира со мозна загуба токму на светски и европски кикбокс и маитаи медали за нашата земја.
 
Сакам да апелирам до надлежните комисии и органи на власта: ОТВОРЕТЕ ГИ САЛИТЕ. Тренингот во услови на пандемија не е привилегија само на колективните спортови! Спортот е здравје и од него има само бенефит!!!