Македонија
20. January 2019 - 19:26

53 годишен скопјанец во битка со иснтитуциите за оставрување на правото за инвалидската пензија

Летото 2012 паднал од скеле од голема висина и со тешки повреди бил донесен во Ургентен. Бил работник во приватна градежна компанија. Од тогаш почнува голготата по институциите и болниците на 53 годишниот Драган Јакимов од скопското село Текија во обид да докаже дека го следува инвалидка пензија.

-Целото рамно ми влезе во градниот кош, третото ребро ми беше скршено, а четвртото напукнато, имав сериозни здравствени проблеми, изјави Драган Јакимов од село Текија.

По излегувањето од болница, останал без работа и поднел барање за пензија. Од стручната комисија го одбиле со образложение дека 100 проценти бил работоспособен, но во 1988 година кога за време на работа ја повредил ногата истата комисија констатирала дека има 30 отсто телесно оштетување.

-Комисјата не го уважи тој документ, додаде Јакимов.

Од комисијата го пратиле на банско лекување и физикална терапија, но лекарите констатирале дека нема ефект за подобрување на неговата здравствена состојба. Решил да му биде направено и медицинско судско вештачење во кое е констатирано дека има тешки телесни повреди.

За 6 години добил 4 пресуди од Управниот суд во кои уважени му се  жалбите поради негативните одговори за инвалидска пензија.

-Ја негира стручната комисија зошто не ги согледале стручните факти, вели Јакимов.

Од врата до врата низ институциите стигнал и до Управната инспекција која му е последна надеж. Во петокот повторно бил на комисија и ги чека резултатите.

-Треба да размислат малку, вели Јакимов.

Јакимов сам се докажува со институциите бидејќи нема пари за адвокати. Со сопругата живеат од средствата за мобилност поради нејзиното слепило и додатокот за туѓа нега околу 11.500 денари. Вели дека тој не добива никаква помош од државата за лица во социјален ризик. Иако имал траен налог за нега од трето лице неоадмна му била укината, истото се случило и со постојаната парична помош со образложение дека има деца од претходниот брак и  можеле да му помагаат, но Јакимов тврди дека воопшто не контактира со нив.

53 годишниот скопјанец размислува документите да ги однесе и во обвинителството доколку и последното решение за инвалидска пензија биде негативно. Решен е неговиот суд да го разгледуваат и во судот за човекови права во Стразбур.

Од неговиот скромен дом во скопско Текија не испрати со надеж дека еден ден ќе ја дочека долгоочекуваната инвалидска пензија.