Македонија
23. May 2021 - 17:27

52-годишен маж пронајден мртов во својот стан во Гостивар

Вчера во 12.30 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во сопствениот стан во Гостивар бил пронајден починат С.С.(52) од Гостивар. Смртта била констатирана од доктор од итна медицинска помош, соопштуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.