Македонија
18. November 2021 - 12:09

52 годишен маж од Куманово тешко повреден откако удрил во паркирана работна машина

На 17.11.2021 околу 20.55 часот во СВР Штип било пријавено дека на автопат Миладиновци – Штип, во близина на населба „Три чешми“, М.К.(52) од Куманово, кој управувал патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во работна машина паркирана надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.К., а со телесни повреди се здобил  сопатникот бил Г.Ѓ.(54) од Куманово, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.