Loading Video...
Спорт плус
6. April 2019 - 14:27

51-во издание на „Илинденски кајак слалом“

Денеска и утре на Матка крај Скопје се одржува 51.то издание на Илинденскиот  кајак слалом
 
64 натпреварувачи од 10 земји во 6 категории ќе земат учество на кајак натпреварите на 51-от  „ИКАС 2019” и Европскиот куп во спуст на дива вода. 
 
Денеска на програмата беа квалификациските натпревари во К1, додека утре од 10 часот и 30 минути е стартот на финалните трки, како и натпреварите во спуст/спринт во рамките од прата од шесте рунди во Европскиот куп
 
Особено интересно се очекува да бидат токму овие натпреварите во спуст, на кој ќе настапат 44 натпреварувачи од 7 земји, меѓу кои и голем број од водечките имиња во кајак спортот. 
 
Од нашите кајакари најмногу се очекува од Ангелче Петрушевски и Христијан Игнатов.