51-годишен велешанец е новата жртва на Ковид-19
Велешанец на 51-годишна возраст почина утрово во велешката болница, како последица од ковид-19. На инфективното одделение тој се лекувал од 19 ноември. Починатиот велешанец е 66 жртва на коронавирусот во Велес од почетокот на пандемијата.
Во истовреме, продолжува трендот на намалување на бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во велешката болница. Денеска таму има 62 пациенти или еден помалку од вчера. Од нив, 57 се со потврден позитивен тест, двајца се сомнителни на вирусот, а тројца пациенти имаат негативни тестови на коронавирус. 22 пациенти имаат потешки симптоми на вирусот и добиваат кислородна поддршка.
На инфективното одделение се лекуваат 50 пациенти, на одделението за физикална терапија има деветмина и на интерното одделение се хоспитализирани тројца пациенти поради ковид-19.
Од почетокот на пандемијата 1962 велешани се заразија со вирусот, од кои 1179 се излекувани, а 718 се се уште активни случаи.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот