Македонија
14. July 2020 - 16:26

51-годишен маж нападнал двајца тинејџери, а потоа им се заканувал на полицајци со метална цевка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(51) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,насилство врз дете“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 21.06.2020 пријавениот, во двор на основно училиште во Кочани, со тврд предмет нападнал двајца 16-годишници, при што едниот од нив го повредил.

Кога полициски службеници го побарале во неговиот дом, тој излегол и почнал да им се заканува со метална цевка.