Бизнис
9. јуни 2016 - 19:44

50.000 домаќинства добија пониски сметки за парно

На 50 илјади граѓани  заклучно со вчера  БЕГ  им испорача пониски сметки за парно за  мај.  14 отсто или 7.000 од прилучените на мрежата пак добиле повисоки износи. Со порамнувањето кое го направи компанијата,  кај 20.000 домаќинства поевтинувањето е од 10 до 30 отсто, а кај 2.000  и до 50 проценти. Ваквата состојба се должи на топлото време додека траела грејната сезона, поради што БЕГ  испорачал  помали количини на топлинска енергија и ги зголемил заштедите. Пониски ќе бидат сметките и за јуни и јули.

Од компанијата очекуваат дека во август кога регулаторната комисија за енергетика прави корекција на цената, таа да се намали како резултат на драстичниот пат на цената на гасот на светските берзи. Но точно за колку би било поевтинувањето  од БЕГ сеуште не знаат.

Досега до компанијата не се пристигнати   поплаки  за изминатата грејна сезона.

Лани регулаторот  ја намали цената на  перното за приклучените на мрежата на Бег  на Елем Енергетика,  за индустриските корисници и училиштата.  Домаќинствата добија да се греат еден час плус и за тоа да не им биде наплатено.

Годинава на  градското парно се приклучија нови 1.200  домаќинства.