Бизнис
13. October 2015 - 20:18

500 домашни компании заработиле 35 милиони евра од соработка со странските инвеститори

Над 30 милиони евра заработиле домашните фирми од работата која ја вршеле за инвеститорите.  500 тини локални фирми се вклучени во производните процеси на странските компании од зоните. За бизнис заедницата  тоа е добар знак, затоа што во идина ќе се зголемува бројот на инвеститроите кои ќе отвораат свои  погони во земјава. Од заедничката работа бенефит имаат двете страни.

Странските фирми не се концентрирани само во зоната во Скопје, присутни се и во зоните околу другите градови.  На пример во зоната во Тетово, освен познатата американска Леар, договори за работа се потпишани  со уште три други компании.  Парцелите им се веќе доделени, се чека само да ги добијат одобренијата за градба.

Според анкетата  на здружението на млади аналитичари и истражувачи, 56 отсто до граѓаните се изјасниле дека ефектите од инвеститорите се позитивни, а 74 проценти дека се потребни нови зони. Анкетата била спроведена на репрезентативен примерок од 1118 испитаници.