-->
-->
50 талентирани спортисти добија парична помош од Општина Аеродром
-->
50 талентирани спортисти добија парична помош од Општина Аеродром
За разлика од години наназат кога опшината Аеродом се грижеше само за сениорскиот тим на КК МЗТ Скопје, конечно некој се сети дека во општина има талентирани млади спортисти, кои се нејзина иднина, па за прв пат општина Аеродром реши да ги стипендира и мотивира своите млади жители, спортисти.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на општинскиот Совет, Ивана Цветковска, вечерва во спортскиот центар „Ново Лисиче“ на 50 талентирани спортисти од Аеродром им доделија пофалници за високи достигнувања во областа на спортот. Секој од нив добива и еднократна парична помош во износ од по 10.000 денари од Општината.
„Од се срце ви ги честитам сите досегашни достигнувања. Токму вие, со вашиот талент, дух и желба за напредок придонесувате за развој на спортот во нашата општина“, изјави градоначалникот Марин, кој впрочем потекнува од спортот.
„Денеска оттука сакам да им упатиме важна порака на сите млади – верувајте во себеси, развивајте ги вашите таленти, бидејќи вие сте нашата иднина“, изјави претседателката на Советот, Ивана Цветковска.
Оваа мерка е признание за досегашните успеси на младите и поттик за понатамошен развој. На овој начин Општина Аеродорм им овозможува подобри услови за напредок и ги мотивира да продолжат да ги реализираат своите таленти
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите