Македонија
22. March 2016 - 17:01

50 милиони евра вложени во образовната инфраструктура

Повеќе пари за образованието, нови училишта, бесплатни учебници, современи Кембриџ програми за учениците и нови стуидентски домови е само дел од сработеното во изминатите години.

Во овој период изградени се 74 нови училишта, а 400 се целосно рекоструирани. Оваа година ќе заврши изградбата на две нови школи, а ќе бидат почнати уште 6. Ќе се рекоструираат 60 училишта. Во изминатата деценија  изградени се 51 училишна сопртска сала , а годинава ќе бидат готови уште девет.

Во образовната инфраструктура вложени се 50 милиони евра, а ефектите се видливи. Учениците и родителите се задоволни.

Редица поволности беа обезбедени и за студентите. Отворнеи се нови факултети, намалена е партиципацијата, а најдобрите студенти ќе можат бесплатно да патуваат.

Во изминатите години многу доби и наставниот кадар. Зголемени с еплатите, а голем дел од нставниците кои рабвотеа со времени договори сега се во редовен работен однос.

Расте и ученичкиот и стидентскиот стандард преку зголемување на стипендиите. Буџетот за најдобрите годинава е за 11 милиони евра поголем од лани.