Македонија
1. May 2020 - 10:42

50 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (30.04./01.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 50 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а уште 65 лица потпишале изјави за самоизолација. 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.