Спорт плус
6. November 2015 - 16:26

5-ти меѓународен турнир во џиу-џицу „Скопје опен 2015’’

 
Спортскиот директор на Европската џиу-џицу федерација, Карл Келц, кој воедно е и директор на  Јадранската џиу-џицу Лига, заедно со претседателот на Македонската федерација, Александар Ацевски и генералниот секретар Деан Соколовски, денеска беа во посета на Агенцијата за млади и спорт и остварија средба со директорот Марјан Спасески. 
 
Повод за средбата беше организацијата на меѓународниот џиу џица натпревар “Скопје опен”, кој по 5-ти пат ќе се одржи во Скопје.
 
Истовремено, средбата доаѓа и како резултат на одличната работа на раководството на Македонската џиу-џицу федерација, која после двегодишно прилагодување и после тригодишна земја кандидат, успеа  да излобираат на Генералното Собрание што се одржа во јули, годинава во Атина едногласно да се донесе заклучок Македонија да биде полноправен член на Светската џиу-џицу Федерација, која брои вкупно 108 земји - членки.
 
Директорот Спасески ги информираше гостите за одличната соработка, што Агенцијата за млади и спорт ја има со Македонската џиу-џицу федерација и се заблагодари на претставниците на Светската федерација што Македонската федерација е признаена под уставното име и е дел од ова навистина големо и престижно друштво.
 
На средбата се разменија мислења за поддршката на овој спорт и значењето младите луѓе повеќе да практикуваат спортски и здрав начин на живот. 
 
Дополнително, стана збор и за традиционалниот меѓународен турнир “Скопје опен”, кој утре (07.11.) ќе се одржи во спортската сала “11-ти Октомври” во Скопје, а на кој учество ќе земат преку 170 натпреварувачи од 9 држави.