Македонија
31. May 2020 - 16:28

5-ти јули е новиот можен датум за избори, носителите на листи од СДСМ на терен

Во прекин е неформалната комуникација меѓу власта и опозицијата за нов датум за избори и покрај повиците од шефот на државата Пендаровски и собранискиот претседател Џафери политичките лидери да го искористат 14 дневниот период од новата вонредна состојба за нови преговори.

Од друга страна, коалицијата на владејачката СДСМ отворено го разговара 5 јули, што се поклопува и со нивното толкување на уредбата за избори и истекот на вонредната состојба. Носителите на листите од три изборни единици на овие: Спасовски – Лукаревска, Митрески – Шеќеринска и Касами – Николовска денеска и на терен веќе ја образложуваа изборната програма.

„Никој од нас, ниту институција, ниту партија, не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор – на ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето...Затоа, според законските прописи изборите треба да се одржат на 5 јули. Државата и институциите покажаа капацитет за справување со последиците од коронавирусот и се подготвени да огранизираат изборен процес со максимална заштита на сите учесници во него“, вели Спасовски.

Партијата претходно најави дека нема да организира митинзи и да води класична кампања туку ќе користи интернет и медиуми за промоција.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ и Заев со поседните бројки на десетици новозаразени со корнавирус од државата прават кланица и стануваат џелати на сопствениот народ само за да ги зачуват своите фотелји на власт.

Од ДУИ се изјаснија за избори на 5 јули,но само доколку здравстрвената состојба го дозволува тоа.

„Подготвени сме и наредната недела да одиме на избори, но треба да ги имаме предвид препораките од Комисијата за заразни болести и ситуацијата со бројот на заразени. Принципиелно сме кажале дека датумот треба да се донесе со консензус. ДУИ останува на тој став. Ќе ги следиме препораките на епидемиолозите, а јавноста ќе биде информирана за последниот став на партијата или ако има лидерса средба“, вели Бектеши.

Лидерите последен пат седнаа на заедничка маса на 18 мај. Една недела по оваа средба водеа и неформална комуникација, но Пендарвоски вчера обзанини дека и овие разговори се во застој.