Македонија
16. August 2020 - 15:35

5 починати и 87 нови случаи на коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-13, Тетово-8, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-20, Струмица-2, Берово-1, Кичево-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од: Скопје-35, Куманово-1, Штип-4, Тетово-1, Гостивар-1, Пробиштип-2, Кратово-1, Свети Николе-6.  

Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739,  бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5407, активни 1003

• Куманово 1264, активни 273

• Дебар 226, активни 67

• Штип 1043, активни 272

• Прилеп 358, активни 37

• Тетово 1137, активни 159

• Струга 521, активни 186

• Велес 243, активни 28

• Битола 184, активни 76

• Охрид 306, активни 79

• Кавадарци 152, активни 110

• Гостивар 645, активни 285

• Гевгелија 28, активни 10 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)

• Струмица 51, активни 22

• Крива Паланка 28, активни 5

• Радовиш 38, активни 10

• Крушево 16, активни 2

• Кочани 128, активни 34

• Пробиштип 69, активни 17

• Демир Хисар 53, активни 32

• Македонски Брод 65, активни 49

• Пехчево 8, активни 2

• Берово 14, активни 8

• Валандово 8, активни 2

• Виница 46, активни 41

• Делчево 8, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 15, активни 2

• Свети Николе 258, активни 60

• Кичево 239, активни 127

• Ресен 146, активни 9

• Неготино 35, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1156 теста се преку: ИЈЗ-560, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-168, Биотек-149, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -191, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-7, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 126284 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 142

• Аеродром - 124

• Бутел - 66

• Гази Баба - 126

• Центар – 90

• Карпош – 102

• Сарај – 36

• Кисела Вода – 78

• Ѓорче Петров – 69

• Студеничани – 31

• Шуто Оризари – 63

• Арачиново – 18

• Илинден – 14

• Петровец – 7

• Чучер Сандево – 9

• Сопиште – 12

• Зелениково - 5

• Странец – 3

• Нераспределен - 8