Македонија
21. January 2020 - 16:43

5 етапи се неопходни во шпанскиот парламент за ратификацијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО

Трка со времето за протоколот за НАТО. Последната земја која треба да го ратификува документот , Шпанија ја има една од најсложените и најдолгите процедури. Првиот чекор веќе е направен со позитивното мислење на Државниот Совет, но протоколот сега треба да помине низ уште 4 етапи, објаснуваат за Сител од шпанската амбасада во земјава. 

Документот прво треба да добие позитивно мислење во комисијата за надворешни работи на Конгресот , а потоа за него ке гласат  пратениците на долниот дом. Откако ке ги поомине филтрите на Конгресот, протоколот оди пред  Комисијата за надворешни работи на Сенатот и откако таму ке биде одобрен, за него ке  гласаат сенаторите на пленарна седница.

Во просек ваквата процедура трае 6 месеци. Но доколку се примени ургентната процедура, која веќе е побарана, овој  рок би можел да се намали на три месеци. Од амбасадата посочуваат дека во мадрид постои расположение да се скрати и тој времени период.

Шпанската влада  уште  минатото лето побара ваква ургентна процедура за Македонија што било прифатено и од Парламентот.  Сепак останува прашањето дали и покрај добра волја на Шпанија , процесот ке заврши  до 10 февруари кога се распушта македонскиот парламент. Доколку рокот биде пробиен постои и опција Собранието предвреме да го изгласа предлог законот за ратификација и тој да има одложено дејствие, однсно да биде депониран во Вашингтон откако прво тоа ке го направи Шпанија, со што Македонија ке стане полноправна членка на НАТО