Македонија
29. August 2021 - 13:25

490 возачи казнети за пребрзо возење на територија на целата држава, 148 биле пијани

Денеска во Велес продолжи „Летната кампања 2021“ на МВР и РСБСП, која има за цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, особено во летниот период од годината и подигање на свеста за влијанието на заморот на способноста на возачите, но и за последиците што можат да настанат од пребрзото возење и управувањето возило под дејство на алкохол. Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во изминатиот период  организираа  сообраќајно едукативни активности во повеќе градови, на наплатните станици долж автопатиштата и на граничните премини на кои што возачите беа информирани и едуцирани за  потребата од максимално, целосно и безусловно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Пораките и советите кои МВР и РСБСП  од Велес  ги упатија до сите учесници во сообраќајот  се  пораки за  дисциплинирано, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот. Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, апелираше до сите учесници во сообраќајот, да не го потценуваат заморот и крајот на летото затоа што температурите се уште високи, фрекфенцијата во сообраќајот се уште е  на високо ниво и потребна е максимална концентрација и внимателност во сообраќајот.  „За своја лична безбедност, за безбедноста на своите најблиски и воопшто за севкупната безбедност во сообраќајот, почитувајте ги  сообраќајните правила и прописи,   правете чести паузи и возете одморени“-истакна Кожуваровска.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски потенцира дека по спроведувањето на овие превентивни и репресивни акции има сериозно намалување на бројката на жртви на патиштата овој месец споредено со август во минатите години. 2020 беше година со најмал број на жртви, но тенденцијата е овој број и оваа година да се намалува.

“Им благодарам на граѓаните што ги почитуваат сообраќајните прописи и така придонесуваат за побезбедни патишта. Особена благодарност до полициските службеници, кои и во периодите на пеколни горештини, на температури над 40 степени, посветено работеа и работат на целта да обезбедиме што е можно побезбедни патишта. Токму летниот период во годините наназад е период со најмногу жртви на патиштата, а бројките што до сега ги имаме покажуваат сериозно намалување на бројот на жртви во август 2021 година. За оние пак кои и понатаму не ги почитуваат законите, МВР продолжува со засилените контроли, а со нивното санкционирање да влијаеме и тие да ги почитуваат правилата и да ни се приклучат во целта-што е можно побезбеден сообраќај. Во текот на вчерашниот ден 490 возачи се казнети поради пребрзо возење, а од нив 61 на територија на СВР Велес. За возење под дејство на алкохол санкционирани се 148 возачи, од кои 40 на територија на СВР Велес“, соопшти Ангеловски.

Засилените акциски контроли, но и превентивните акции продоолжуваат и во наредниот период.