Македонија
23. November 2021 - 16:06

490 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, починати се 9 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.869 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 209, Битола – 42,  – , Прилеп - 33, Кавадарци – 30, Велес – 18, Куманово – 17, Ресен – 16, Берово – 14, Кочани – 12, Гевгелија и Делчево - по 10, Тетово и Штип – по 8, Струмица и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Кичево и Богдаци – по5, Валандово,Кратово, Македонска Каменица и Пехчево – по 4, Охрид, Свети Николе  и Неготино – по 3, Струга и Виница – по 2, Гостивар, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 484 оздравени пациенти од: Скопје – 233, Битола – 37, Куманово – 28, Кочани – 22, Велес и Гевгелија – по 19, Кавадарци – 18, Штип – 17, Охрид – 15, Тетово – 11, Струмица и Пробиштип – по 9, Кичево – 8, Неготино – 7, Каратово – 6, Свети Николе – 5, Радовиш – 4, Ресен и Богданци – по 3, Струга и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Крива Паланка, Валандово, Гостивар, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица:  По 3 починати лица од Скопје (85г, 75г  и 41г) и Штип (91г, 86г  и 78г), 2 починати лица од Куманово (88г и 76г) и едно починато лице од Берово (75г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до
20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Куманово (1), Велес (1), Штип (1), Струмица (1), Свети Николе (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 89-61г, од ) кои 5 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови.

Направени се 2.869 тестови преку: ИЈЗ-320, ЦЈЗ Скопје-76, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–34, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–8, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-162, Биотек-182, Систина-73, лабораторија Лаор-0, Синлаб-21, Ремедика-20, Плодност–55, Генеа-6, Никоб лаб-244, ВФВ Медикал-23, Ели Медика-28, Ројал Медика–11, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб – 4, Жан Митрев Струмица – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.334.

Досега во земјата се направени вкупно 1.453.084 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.865, бројот на оздравени пациенти е 197.120, на починати е 7.464, а бројот на активни случаи изнесува 8.281.