Македонија
21. October 2021 - 16:42

490 нови случаи на Ковид-19, починати се 11 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.073 тестирањe, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 223, Куманово – 38, Прилеп – 33, Велес – 32, Штип – 24, Битола – 20, Кавадарци – 19, Охрид – 17, Крива Паланка – 16, Кочани – 10, Кичево – 8, Македонска Каменица – 6, Гевгелија – 5, Струмица, Радовиш и Пробиштип – по 4, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар, Струга и Неготино – по 2, Свети Николе, Ресен и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 201 оздравени пациенти од: Скопје  –  143, Велес – 10, Кавадарци – 8, Куманово – 7, Штип – 5, Кочани – 4, Гевгелија и Радовиш – по 3, Прилеп, Битола, Неготино, Свети Николе и Пробиштип – по 2, Тетово, Охрид, Кичево, Ресен, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (83г, 80г, 78г, и 66г), 3 починати лица од Куманово (93г, 69г и 48г), 2 починати лица од Прилеп (79г и 35г) и по едно починато лице од Струмица (67г) и Радовиш (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.073 тестови преку: ИЈЗ-290, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-44,

ЦЈЗ Тетово–47, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-140, Биотек-152, Систина-54, лабораторија Лаор-100, Синлаб-17, Ремедика-17, Плодност–21, Генеа-5, Никоб лаб-292, ВФВ Медикал-30, Ели Медика-35, Ројал Медика –5, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.393.

Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.