Македонија
12. јуни 2016 - 17:50

49. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Јазикот го носи идентитетот на една држава .Со изучувањето на македонскиот јазик се изучува литературата ,историјата и културата на еден народ чии корени се длабоко вткаени во светската цивилизација сметаат експерите од областа на македонистиката на 49тиот меѓународен семинар по македонски јазик кој се одржува во Охрид.

Огромен е интересот на странските студенти за изучување на македонскиот јазик во рамките на своите универзитети.

Оваа година се одбележуваат повеќе значајни јубилеи меѓу кои 1100-годишнината од смртта на св. Климент Охридски основоположникот на Охридската книжевна школа, 70 години од објавувањето на првата граматика и 70 години од објавувањето на првите книги за деца на современиот македонски јазик.