Македонија
2. March 2021 - 13:19

49-годишен маж загина во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Македонски Брод

Вчера во 22.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, пред влезот за с.Ропотово, патничко моторно возило „форд ескорт“ без регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(49) од с.Долнени, излетало од патот, соопштуваат од МВР.

Во незгодата на местото на настанот починал возачот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.