Loading Video...
Кошарка
25. March 2019 - 10:04

48 поени на Олдриџ во победата на „Спарс“ над Бостон

 
Ламаркус Олдриџ го предводеше Сан Антонио до значајна победа над Бостон со која „Спарси„ речиси го осигураа своето место во плејофот на НБА лигата. 
 
Одриџ во победата на „Спарс“ од 115-96 на гостински терен,  оствари дабл-даб со 48 поени и 13 скокови, дедека ДеРозен покрај 16-те поени имаше и 11 асистенции. 
 
Со оваа победа, но и поразот на Сакраменто кај ЛА Лејкерс 111-106, им донесе предност на „Спарси“ од седум победи повеќе во однос на „Кингс“ во трка за осмото место во Западната конференција. 
 
Најнеизвесниот дуел го одиграа Торонто и Шарлот, кој гостите го добија со 115-114 благодарение на спектакураниот кош на Џереми Ламб кој погоди од половина терен. 
 
Победи остварија и Хјустон над Њу Орлеанс со 113-90, како и шампионот Голден Стејт кој со 121-114 го совлада Детроит.