48-годишен маж загина а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка во тешка сообраќајка во Ново Лисиче
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа која се случи околу полноќ во Ново Лисиче, на сервисна улица во близина на трговскиот центар „Лиса“.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на два автомобили – „Рено“ управувано од 21-годишен скопјанец и „Фолксваген поло“ со кое управувал 48-годишен жител на Стајковци.
Во несреќата, возачот на автомобилот Фолксваген се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на лице место. Со тешки телесни повреди се здобила и неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот. Возачот на автомобилот Рено се здобил со телесни повреди и откако му била укажана лекарска помош, тој е задржан во полициска станица.
Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и за вештачење на примероци од крв и урина од возачот на другиот автомобил со цел да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства.
Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на местото на несреќата преку системот „Безбеден град“.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево