Македонија
28. February 2021 - 11:05

461 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.02.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 461 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.