Македонија
21. April 2021 - 10:29

46 лица го прекршиле полицискиот час

Полицискиот час од 20.00 часот (20.04.2021) до 05.00 часот (21.04.2021) не го почитувале 46 лица, соопшти МВР.

Во однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 611 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.