Македонија
5. July 2020 - 14:22

46-годишен маж физички нападнат од три лица во Струмица

46-годишен маж од Струмица вчера пријавил дека бил физички нападнат од три лица. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 04.07.2020 во 21,05 часот во СВР Струмица, Ш.Ф.(46) од Струмица пријавил дека околу 20,30 часот на ул. “Бетовенова“ во Струмица, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од У.Н, Г.Н и А.Н сите од Струмица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.