Фудбал
19. March 2016 - 10:05

45 милиони казна за Нејмар

Напаѓачот на Барселона, Нејмар да Силва, доби драконска казна во татковината поради затајување на данок.
 
Нејмар, на државата, ќе мора да и уплати 45 милиони евра, бидејќи преку своите компании избегнал да плати данок на приходите од 56 милиони евра остварени во Сантос, Барселона и од спонзорот Најки, во периодот од 2012 до 2014 година.
 
Во оваа измама, биле вклучени и родителите на Нејмар, кои ги воделе компаниите преку кои бил затајуван данокот.
 
Оваа одлука на бразилскиот суд не е конечна, што значи дека Нејмар може да вложи жалба.