45 години „Златно Славејче“
Преполна сала, насмевки и илјадници распеани дечиња. Златните славејчиња повторно ги надминаа сите очекувања. За трите фестивалски дена и оваа година се бара карта повеќе. Задоволните детски лица посакуваа Златно славејче да се одржува повеќе пати во годината, бидејќи песните од овој фестивал , се пеат, паметат и остануваат.
По повод 45-години од постоењето на фестивалот, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утрово се сретна со директорот и дел од учениците. Таа и лично им се заблагодари за вложените напори со кои Златно славејче прерасна со реномиран детски фестивал, но и еден од најпрепознатливите македонски брендови.
-Уметноста и културата се најсилниот аргумент за една држава и сите нив овде ги гледам како наши големи уметници во иднина, рече министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
-Ние сме хуманитарно-воспитна институција, задоволство е да се работи со прекрасни, талентирани деца, членовите на хорот „Златно славејче“ кои навистина се мали уметници, преодговорни, многу совесни и со сите автори во Република Македонија, бидејќи Златно славејче е македонски бренд, рече директорот на фестивалот, Бобан Јосифовски.
Големиот јубилеј славејчињата ќе го одбележат и со гала концерт на 23 декември во Македонскиот народен театар.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар