Македонија
11. April 2017 - 22:10

44-ти ден протести „За заедничка Македонија“, ловџиите и земјоделците на чело на колоната

Ловџии на џипови и земјоделци на трактори ја предводеа колоната на денешните 44-ти по ред протести „За Заедничка Македонија“.

Од граѓанската иницијатива и денеска порачаа Стоп за тиранската платформ и побараа идниот претседател на Собранието да ја отфрли истата.

-Денеска иако имаа такви планови, мислам дека се премислија кога не можеа да не добројат, и денеска нема претседател кој не се откажал од платформата создадена во Тирана, која има за цел Македонија еден ден да ја подели на два дела., изјави Богдан Илиевски, од граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“.

--Пратеници на Република Македонија, претставници на граѓаните: народот сака мир, народот сака соживот, народот сака да може да си погледне во очи после исходот од оваа криза. Народот сака да се надева на подобро утре, на перспективна татковина во која сите граѓани ќе бидат задоволни. Дијалогот е цивилизациска придобивка, транспарентен отворен дијалог на очиглед на сите граѓани – потребна е доблест од сите политички лидери, да се отстапи, да се заборави платформата, да се отворат сите идеи на маса и ако веќе треба било кој од нас да прифаќа некаква платформа, нека биде таа платформа креација на сите политички фактори во државава, и нека ги одразува идеи на сите граѓани за среќно и напредно општество, изјави Горан Стојановски - Џемо Биљбиљ.

Пред законодавниот дом се обартија и претставници на земјоделците и ловџиите.

-Од домашните предавници не можеме глава да кренеме. Македонија е Македонија, Македонија ќе остане. Од името на сите земјоделци на Македонија му порачуваме дека ќе дојдеме со илјадници и со трактори и со комбајни, па да видиме каде ќе оди, порача Љупчо Аризанов,претставник на земјоделците.

-Не нарекуваат банда што се состанува, да му порачаме на господинот Заев- ова не е никаква багра ова е народ и народот ќе му суди. Овој народ не го трга никој од овде. Не можеш со народот, џабе ти е се. Ние Македонците добро знаеме дека оваа наша држава раѓала изроди како Заев, но раѓала и јунаци кои ќе ја бранат Македонија, рече Драган Тансаковски, претставник на ловџиите.

И денеска илјадници граѓани мирно и достоинствено маршираа од Влада до собрание, велат дека нови исбори се решение за кризата.

Од граѓанската иницијатива и за утре во 17 часот пред Влада закажаа нов протест.