Македонија
1. July 2022 - 16:35

44 судии и 11 обвинители заминаа во пензија - процесите што ги водеа судиите ќе почнат од почеток

Правосудниот систем од денеска е покус за 50мина судии и обвинители. Заминаа во пензија откако Собранието не ги изгласа измените во законот за работни односи, кои предвидуваа продолжување на нивниот работниот век. Одлуката за збогување со судиските функции ја донесе судскиот совет, но за еден негов член, таквата постапка ја загрозувала работата на судството.

Од денеска во пензија заминаа и 11мина обвинители, но од советот велат дека тоа нема да влијае врз предметите кои ги застапувале.

Законот кој требаше да го продолжи работниот век за судиите и обвинителите предизвика инциденти во собранието. Иако ги мина комисиите и стаса до пленарната сала, седницата беше прекината, па за 50тина судии и обвинители, вчера беше последен работен ден.