44 годишен скопјанец позитивен на корона вирус наместо во самоизолација се шета низ Охрид
44 годишен скопјанец позитивен на коронавирус наместо во самоизолација се шетал низ Охрид.По медицинскиот наод дека е заболен тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, непречено се движел а бил и во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.
Скопјанецот на 13 март кога пристигнал од Австрија потпишал изјава за самоизолација, и со сопствено возило се упатил во Охрид .Портпаролото на СВР- Охрид Димоски наави дека два пати во денот се врши контрола во неговиот стан и оневозможени му се понатамошни контакти со други лица .
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишен скопјанец.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар