Македонија
28. October 2021 - 16:57

436 нови случаи на Ковид-19, починале 11 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 203, Битола – 24, Куманово и Кавадарци – по 22, Велес и Штип – по 21, Прилеп – 19, Кочани – 16, Тетово – 12, Пробиштип – 9, Охрид – 8, Неготино и Свети Николе – по 6, Кичево, Крива Паланка и Делчево - по 5, Струмица и Берово - по 4, Гевгелија, Кратово и Дојран – по 3, Гостивар , Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар - по 2, Струга, Крушево и Македонска Каменица  – по 1.

Регистрирани сe 321 оздравени пациент од: Скопје – 145, Куманово – 32, Штип и Прилеп – по 20, Велес – 17, Кочани – 14, Кавадарци – 12, Битола – 9, Крива Паланка – 8, Струмица – 6, Кичево и Гевгелија – по 5, Тетово и Кратово – по 4, Пробиштип – 3, Свети Николе, Гостивар, Ресен, Виница, Крушево, Дебар и Богданци – по 2, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица:  3 починати лица од Скопје (66г,69г и 86г)  и по едно починато лице од Кавадарци (79г), Охрид (76г), Демир Хисар (17г) и Штип (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Гостивари по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои 2 се починати во болнички услови а 2 во домашни услови.

Направени се 2.732 тестови преку: ИЈЗ-258, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-29,

ЦЈЗ Тетово–52, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–160, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-132, Биотек-129, Систина-59, лабораторија Лаор-71, Синлаб-8, Ремедика-16, Плодност–36, Генеа-9, Никоб лаб-258, ВФВ Медикал-21, Ели Медика-31, Ројал Медика –15, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.192.

Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а бројот на активни случаи изнесува 6.499.