Свет
16. April 2018 - 12:20

42 години била во врска со милионер: Се шоркирала кога следело читање на тестаментот

Џоан Томпсон (79) од Велс останала во шок кога слушнала на кој го оставил својот имот нејзиниот сопг со кој била заедно повеќе од 40 години.

Нејзиниот сопруг, Винфорд Хоџа, починал на 94 годишна возраст, а Џоан се надевала дека на нејзе ќе и припадне дел од 1,5 милиони фунти вреден имот, со оглед на тоа што со него поминала половина од својот живот.

Но таа доживеала вистински шок за време на читањето на тестаментот, кога слушнала дека целото свое богатство го остава на парот кој живеел на нивниот имот. Нејзниот сопруг ги избрал нив бидејќи “во последните неколку години од неговиот живот тие биле добри кон него”.

Старецот во тестаментот исто така напишал дека неговата сопруга “финансиски е обезбедена” и дека целиот живот водела сопствени финансии, па не и се потребни пари.

Меѓутоа, нејзината заштеда изнесува 2.500 фунти, а тие не и се доволни за живот.

За среќа неправдата ја поправил судијата Милвин Жарман кој заклучил дека Хоџ погрешил и на Џоан и доделил куќа вредна 225 илјади фунти и 190 илјади фунти со кои ќе може да ја реновира куќата која ја добила и да може достоинствено да живее до крајот на животот.
Всушност старецот пред смртаа напишал дури 10 тестаменти а непосредно пред да почине на својата сопруга и кажал да не се грижи бидејќи “ќе биде добро згрижена”.

Не се знае дели бил при здрав разум кога во последниот тестамент тој се предомислил па целото богатство го оставил на Карли Еванс и Агон Бериша кои живееле со своите две деца во изнајмената куќа на неговиот имот и повремено им помагале.

Судијата тоа го сметал за неправда бидејќи Томпсон поминала повеќе од 40 години од својот живот со него и се грижела за неговата мајка, имотот, па поради тоа и доделил дел од богатството.