Македонија
1. December 2021 - 15:53

410 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, починати се 10 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 185, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес, Кавадарци и Штип – по 14, Куманово – 13, Тетово и Кочани – по 10, Делчево – 8, Крива Паланка и Пробиштип – по 6, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5, Берово, Кратово и Крушево – по 4, Неготино – 3, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од: Скопје – 156, Битола – 26, Куманово – 14,  Кавадарци – 10, Прилеп и Охрид – по 9, Струмица и Штип – по 8, Неготино – 6, Гевгелија и Македонска Каменица – по 5, Делчево – 4, Тетово, Кратово, Свети Николе и Ресен  - по 3, Велес, Радовиш, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Богданци – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Берово, Пехчево и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62г, 69г, 70г, 75г, 80г и 94г), и по  едно починато лице од Прилеп (88), Охрид (58г), Велес (57г), и Тетово (50г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021.  Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68г, невакцинирано и починато во болнички услови.

Направени се 2.674 тестови преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–182, Жан Митрев (Филип Втори)-70, Авицена-120, Биотек-132, Систина-52, лабораторија Лаор-105, Синлаб-18, Ремедика-16, Плодност–27, Генеа-7, Никоб лаб-186, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-31, Ројал Медика–17, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–3,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.080.

Досега во земјата се направени вкупно 1.474.094 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110.