Бизнис
16. October 2019 - 17:24

41 инвеститор покажал интерес за изградба на готоволтаични централи

Компании и физички лица на приватно земјиште ќе градат фотонапонски централи. Над 40 инвеститори доставиле понуда на повиокот. Надлежните очекуваат струјата од овие централи да почне да се користи следната година. Со изградбата на објектите за производство на струја од обновливи извори очекуваат значително да се придонесе и за намалување на увозот од надвор.  

Следната недела ќе биде потпишан и договорот за изградба на фотонапоинска централа и во ТЕЦ Олсомеј. Објектот веќе подолго време не работи поради што целосно ќе се транформира од централа на јаглен во објек за производство на струја од ОИЕ.

На огласот пак за изградба на  фотоволтаични централи на државно земјиште се доставени 85 понуди од инвеститори за градење на 35 мегавати. Иако дел од експертите сметаат дека на државно земјиште, државата сама треба да гради вакви капацитети Анѓушев тврди дека подршката на приватните инвеститори е подобар модел.

Во моментов од вкупната потрошувачка на струја 70 отсто се од домашните капацитети, а 30 проценти од увоз.