Македонија
11. November 2020 - 9:39

402 санкционирани возачи во Скопје во текот на вчерашниот ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 402 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 49, 47 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 5 санкции, 33 санкционирани пешаци, 70 мерки за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.