Бизнис
21. July 2019 - 16:20

4.000 компании ќе можат да аплицираат за државна помош

Околу 4000 компании ќе можат да аплирицаат за државна помош. Со измените во правилниците се зголемува бројот на фирми кои имаат пристап до парите од планот за економски раст. Лани за државна поддршка можеа да аплицираат одвај 1000 компании. Државата со планоти ги поддржува компаниите кои инветсираат и отвораат  нови работни места.

„Се зголемува опфатот на компании кои можат да аплицираат. Сега ќе може да аплицираат ИТ компаниите, трговските фирми кои ќе преминат во производство, можат да аплицираат и земјоделци кои ќе отвораат преработувачки капацитети“, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според правилата на планот за еконмски раст, компаниите можат да добијат најмногу до 50% од висината на инвестицијата. Меѓу фирмите кои веќе користеле ваква помош има и такви кои добиле по милион евра. Аплицирањето за поддршката е пролонгирано до есен.

„Наместо до јуни ќе се аплицира до октомври. Целта е компаниите да можат да ја подоготват документацијата, но и да ги и да ги прилагодат бизнис плановите“, вели Бектеши.

Планот за еконмски раст предвидува 70 милиони евра за поддршка на домашните компании и странските инвеститори под исти услови. Компаниите кои ќе аплицираат за парите под новите услови, парите ќе ги добијат до крајот на идната година. Годинава во декемрви ќе бидат исплатени фирмите кои аплицираа лани. Тогаш всушност ќе се знае и колкав ефект е постигнат преку овој проект.