Македонија
26. March 2017 - 18:17

40-те проекти за младите и натаму забрзано се реализираат и покрај политичката криза

Политичката криза не ја попречи реализацијата на предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ кон младите. Активно се реализаираат најголемиот дел од 40 проекти предвидени за подобрување на нивниот животен стандард.

Веќе следната недела студентите ќе се вселат во комплетно реновираниот блок 1 од студентскиот дом Гоце Делчев. Стариот мебел ќе биде заменет со нов и во сите останати домови во Скопје. Инвестицијата вредна 1.5 милони евра целосно ќе биде заокружена во следните два месеци.

Државата инвестира и 200 илјади евра за опремување на студентските домови  со 50 професионални машини за перење и исто толку машини за сушење алишта со капацитет до 10 килограми.

Покрај ова, активно се работи и на изградба на 20-тина фитнес центри во државата, од кои 9 се веќе изградени, а 3 се во фаза на градба.

Во следниот период ќе биде обезбедено и одобрението за изградба на новиот пливачки базен во Шуто оризари, по што ќе биде распишан тендер. Одобрение за градба се чека и за новата затворена гимнастичка сала и нова затворена тениска арена во склоп на спортскиот ценатр Борис Трајковски. Во мај почнува и проектот студент фест, кој освен во Скопје ќе се прошири и во другите градови. Активно се реализира и проектот за бесплатен автобуски превоз на студентите, како и проектот средношколска среда за бесплатен влез во театрите, кината и останатите културни установи.

Исто така стартуваше и проектот за бесплатно патување за најдобрите студентите во градови низ Европа. Веќе се спроведоа првите курсеви и бесплатни обуки за познавање на компјутерски вештини, англиски, франсцуски и германски јазик.

Во рамките на 40-те проекти за млади се реализаира и проектот за бесплатен железнички превоз за млади до 27 години, секој прв и трет викенд во годината. Активно се гради новото матично во Скопје и нова голема читална, а со градба ќе стартува и нов амфитеатар на местото на некогашниот Скупи, со капацитет од 9 илјади седишта.

Во следниот период ќе се обезбеди и бесплатна ласерска корекција на диоптрија и бесплатни леќи за студентите и средношколците кои имаат проблеми со видот.

Загарантирано вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии секоја година, комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, стипендии за средношколци и нивните професори кои ќе освојат награда на научна олимпијада, 5 нови скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово, се само дел од 40-те проекти за млади кои ги вети ВМРО-ДПМНЕ и кои целосно се реализираат соглесно утврдената динамика.