Македонија
30. July 2020 - 11:28

40-годишен скопјанец тешко повреден од машина на работното место

Вчера во клиниката во Скопје бил донесен повреден 40-годишен маж откако се повредил на работното место од работна машина. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 29.07.2020 година во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс  клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден Б.Ј.(40) од Скопје. 

Полициски службеници излегле на местото на настанот и по кажување на повредениот на 28.07.2020 тој бил повреден на работно место во фирма на ул.„24“ во скопската нас.„Илинден“ од  работна машина   управувана од З.Д.(59) од Скопје.

Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди“.