Македонија
22. December 2015 - 19:21

40 годишен штипјанец пронајден мртов на Исарот

Утринава околу 9 часот пронајден е машки труп на штипската тврдина „Исар“. Телото го пронашол случаен минувач и веднаш повикал брза помош. Лекар од итната помош ја информирал полицијата дека станува збор за безживотно тело, лоцирано кај стариот резервоар за вода. Полицијата успеала да го идентификува мртвиот маж. Се работи за Марјанче Богданов од Штип, на возраст од 40 години. Богданов е пронајден во локва крв, со рани на рацете.

-Од страна на полициски службеници извршен е увид на местото на настанот, во содејство со јавен обвинител, при што  е констатирано дека се работи за безивотното тело на 40 годишен штипјанец, изјави Гордана Панајотова-портпарол на СВР-Штип

Телото е предадено на обдукција во штипската клиничка болница, која треба да покаже дали смртта настапила по насилен пат, односно дали е извршено убиство или е суициден чин. Од полицијата повеќе детали најавија за следните денови, кога ќе ги имаат резултатите од аутопсијата, но според првичните индиции се работи за самоубиство.