Македонија
7. July 2021 - 16:45

40-годишен Албанец починал откако тешко повреден бил донесен во болница во Охрид

Албански државјанин починал откако се здобил со повреди додека извршувал работни задачи во во битолско.

„На 05.07.2021 во 21:20 часот во СВР Охрид од Општа болница Охрид било пријавено дека кај нив бил донесен повреден 40-годишниот Т.Ч. од Република Албанија, кој со повреди се здобил околу 16:00 часот, извршувајќи работни задачи на место викано „Грагорица“, во атар на село Свиниште. По укажаната лекарска помош, тој им подлегнал на повредите. Увид на местото извршиле Јавен обвинител, полициски службеници од СВР Охрид и инспектор“, информира МВР.