Македонија
19. October 2018 - 16:40

4-те момчиња и рибарот кај Смилковско езеро биле убиени со истрели од 2 „калашникови“ и пиштол

40-тина истрели одекнале кај смилковското езеро на велики четврток во 2012-та. Форензичар на МВР на денешното судско рочиште откри дека анализата покажала оти во петтемина убиени било пукано со  два калашникови и пиштол долга деветка.. Вештакот на полицијата вели дека во нивната лабораторија не добиле оружје за проверка од кое се испукани проектилите. Хемичар од истата лабораторија пак потврди дека пронајдената земја на возилото Опел омега за кое се претпоставува дека го користеле убијците има идентичен состав со земјата од Смилковското езеро.  За одбраната, ваквите анализи на вештаците се доказ дека случајот Монструм бил монтиран.

За роднините е нејасно поврзувањето на петкратното убиство со престрелка во 2009-та на живинарската фарма на обвинетите во Монструм. Форензичарот на МВР изјави дека една од чаурите има идентични траги со чаура од Смилковското езеро што укажувало дека се  испукани од исто оружје.

Во случајот Монструм обвинети се шестмина. Претходно беа осудени на доживотен затвор но Врховен ги укина казните и го врати на повторно судење. Сега предметот е во рацете на специјалното јавно обвинителство.

Зоран Јаневски Сител телевизија