Бизнис
7. јуни 2019 - 16:17

4% раст на економијата и историски пад на невработеноста

Раст на економијата во првиот квартал од 4,1%. Пад на невработеноста на 17,8%. Пшозитивните бројки ги објави денеска Државната статистика, а за Владата тие се доказ дека знаат што прават и дека мерките даваат резултати и дека прокецијата за раст од 3,5% до крајот на 2019 може да биде натфрлена.

Во првите три месеци од годината позитивни се сите бројки. Бруто инветсициите бележат раст од 9,9%, градежништвото за 7%, земјоделство за 13%, преработувачката индустрија за 3,5%. Трговијата има раст од 6,6% што значи дека расте расте куповната моќ на населението. За трендот да продолжи прмеиерот апелира и работодавачите  да ги следат позитивните сигнали и да ги стимулираат работниците со поголеми плати.

Невработеноста е на најниско ниво досега. Бројките покажуваат дека за две години во земјава имало близу 50.000 нови вработувања од кои само до март годинава се реализирале 17.600.

За експерите, овие бројки се првите постабилни економски знаци што може да доведе до натфрлање на првичните прогнози.

„Во услови на отсуство на владин фокус врз економијата и значајна подреализација на државните капитални инвестиции, економските резултати за првиот квартал се оптимистички, особено што приватниот сектор е главен генератор на економскиот раст, стои во анализата на економскиот институт Фајнанс тинк.