Живот
10. March 2016 - 21:36

4-годишно дете ја застрела својата мајка

Со пиштолот на својата мајка, сосема случајно, 4-годишно дете ја застрелало својата мајка Џејми Гилт (31).
 
Гилт била поборник за ставот оружјето да може слободно да се купува.
 
 Детето ја застрелало мајка си додека била зад воланот на автомобилот. Седело на задното седиште, го земало пиштолот кој Џејми го оставила покрај него, по што оружјето застрелало. Куршумот минал низ седиштето и ја погодил Гилт во грбот. Жената се обидела да се одвезе во болница, но се онесвестила. За среќа, ја пронашол заменик шерифот.
 
-Седеше зад воланот. Беше во несвест и сериозно крвавеше. Куршумот и минал низ стомакот. Детето седеше на задното седиште. Ја одведовме во болница, каде и беше стабилизирана состојбата. Куршумот од калибар 45 минал низ неа, а го пронајдовме во возилото, изјавил заменик шерифот Џозеф Велс.
 
На страната “Jamie Gilt for Gun Sense” застреланата Гилт  секојдневно објавувала фотографии од своето оружје. На една фотографија во десната рака го држела синот, а во левата пушка.
 
 
 
Инаку, Гилт сега е во стабилна состојба.