Македонија
23. February 2021 - 9:48

386 санкции за неносење маска

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 386 граѓани се санкционирани за неносење заштитна маска во текот на вчерашниот ден.

- Во текот на изминатото деноноќие (22/23.02.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 386 прекршоци, соопштуваат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.