384 санкционирани возачи во Скопје: 138 за пречекорена брзина, 20 мотоциклисти
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 384 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 21 лицe, пречекорување на дозволената брзина на движење 138 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 20, 20 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотоцикли и еден четирицикл, 88 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 160), а изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Земан побара вакцини против Ковид-19 од Кина
-
Клоп: Ако не се пласираме во ЛШ ќе имаме проблеми со трансферите
-
МВР на Србија ги предупреди родителите за уште еден предизвик на социјалните мрежи
-
Новите мутации го донесоа четвртиот бран во САД
-
Ракета на „Спејс-Икс“ слета успешно, па експлодираше
-
ВМРО-ДПМНЕ: За два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра
-
Во Јужна Африка запленети 400 фалсификувани вакцини против Ковид-19
-
Владата доби доверба од пратениците