Македонија
26. February 2016 - 16:43

38 годишниот Ајан Веапи е македонскиот државјанин уапсен од италијанската полиција за регрутирање терористи за ИСИС

38 годишниот Ајан Веапи е македонскиот државјанин кој што е уапсен од страна на антитерористичкиот тим на италијанската полиција во реонот на Венеција. Тој е осомничен за регрутирање на борци за потребите на џихадистичката група Исламска држава.

Според информациите од италијанските медиуми, Веапи бил индоктрориран кон радикалниот ислам од страна на Хусаин Босниќ, имам од Босна и Херцеговина.

Осомничениот е уапсен во рамки на акцијата под кодно име “Борац”, која биле насочена против неколкумина лица по потекло од Балканот, кои живееле во североисточниот дел од Италија.  Тие се осомничени за создавање на мрежа за регрутирање на странски борци за учество во војните на Блискиот Исток. Ајан Веапи бил уапсен во неговиот дом, во градот Порденоне, кој се наоѓа во близина на Венеција.

Според истрагата на италијанската полиција, преку оваа мрежа, од Италија на боиштата во Сирија заминале најмалку три лица по потекло од Македонија и БиХ. Двајца од нив загинале во текот на 2013 и 2014 година, додека третиот сеуште се наоѓа во воената зона.

Ова е трет македноски државјанин уапсен од страна на италијанската полиција, под обвинение дека регрутирал странски борци да војуваат на страната на ИСИЛ. Минатата година беа уапсени и протерани од Италија Арслан Османовски и Реџеп Лимани. При претресот на нивните куќи бил пронајден џихадистички пропаганден материјал, кој докажува дека биле дел од синиџирот кој што вршел врбување на борци кои ќе војуваат на страната на Исламската држава.