Македонија
29. December 2018 - 18:09

38 годишен скопјанец убиен поради нерасчитен долг

38 годишниот скопјанец Ненад Добраниќ е пронајден мртов покрај автомобил Од МВР велат дека е убиен со огнено оружје.

Убиството се случило на улицата „Шарпланинска“ во скопската населба Даме Груев. Случајот во полиција бил пријавен во 21:40 минути.

Од обвинителството информираат дека имаат осомничен за убиството на 38 годишниот скопјанец.

„Едно лице е приведено во полициска станица, но се уште се прават проверки за испитување на неговата директна поврзаност со кривично-правниот настан“, велат од скопското јавно обвинителство.

Според пријавата во полицијата, безживотното тело на Добраниќ се наоѓало покрај автомобил Пасат караван. Полицијата утврдила дека возилото е на неговата 65 годишна мајка и според првичните информации најверојатно управувал починатиот. Екипа на МВР и Јавен обвинител излегле на местото а собраните докази се предадени за вештачење. Во крим лабораторијата на МВР се вештачи и автомобилот со кој се претпоставува дека се превезувал Добраниќ.

По наредба на јавниот обвинител, безживотното тело е предадено за обдукција.